Macedonian

Европската Повелба за демократски
училишта без насилство

Стразбур, 16 јули 2004 година
Вовед кон Повелбата

На иницијатива на Советот на Европа, младите луѓе од цела Европа ја подготвија Европската Повелба за демократски училишта без насилство врз база на фундаменталните вредности и принципи кои ги делат сите Европјани, посебно оние загарантирани во Конвенцијата за човекови права и фундаменталните слободи на Советот на Европа.

Оваа група на млади луѓе препорачува училиштата од цела Европа сериозно да размислат околу употребата на оваа Повелба како модел со кој ќе се унапреди целта на демократските училишта без насилство.

Имајќи ги во предвид разликите во европските образовни системи, Повелбата може да биде усвоена во нејзината сегашна форма или може да биде прилагодена и понатаму зајакната од различните училишни заедници, зачувувајќи го нејзиниот дух и генералните принципи.

Повелбата ќе биде придружена со Меморандум на објаснување, обезбедувајќи примери и објаснувања со цел да се олесни нејзината имплементација.

ЕВРОПСКА ПОВЕЛБА ЗА ДЕМОКРАТСКИ УЧИЛИШТА
БЕЗ НАСИЛСТВО

1. Сите членови на училишната заедница имаат право на безбедно и мирно училиште. Секој има обврска да даде придонес кон создавањето на позитивна и инспиративна средина за учење и за личен развој.

2. Секој има право на еднаков третман и да биде почитуван, без разлика на личните разлики. Секој ужива слобода на изразување без да биде изложен на доскриминација или репресија.

3. Училишната заедница ќе обезбеди секој да биде свесен за своите права и обврски.

4. Секое демократско училиште има демократски избрано тело кое донесува одлуки кое е составено од ученици, професори, родители и други членови на училишната заедница онаму каде тоа е соодветно. Сите членови на
ова тело имаат право на глас.

5. Во демократското училиште, конфликтите се разрешуваат на ненасилен и конструктивен пат во партнерство со сите членови на училишната заедница. Секое училиште има персонал и учелници обучени да спречат или решат конфликти преку советување и посредување.

6. Секој случај на насилство ќе биде испитан и решен брзо и проследен без разлика дали учениците или било кој друг член на училишната заедница е вклучен во случајот.

7. Училиштето е дел од локалната заедница. Соработката и размената на информации со локалните партнери се основа за спречување и решавање на проблемите.